Пијан патник беснеел во авион, го врзале со селотејп за седиштето

Од:

Пијан патник кој ги испил сите алкохолни пијалаци купени во фри-шопот во Исланд, ги поминал последните два часа од летот со авион до САД врзан со селотејп за седиштето. Тој викал дека авионот ќе падне, па морале да му залепат селотејп и преку устата.

Патникот Енди Елвуд, кој ја направи оваа фотографија, тврди дека пијаницата дури се обидел и да ја задави жената покрај себе

Патникот Енди Елвуд, кој го фотографираше проблематичниот патник, рече дека тој се обидел да ја задави жената која седела до него и дека се дерел дека авионот ќе падне. Пијаниот патник, пред да биде врзан, успеал да плукне и неколку сопатници.

Исландскиот сајт Mbl.is објави дека проблемите во авионот, кој летал за њујоршкиот аеродром “Џон Фицџералд Кенеди” почнале два часа пред слетувањето. Пијаниот патник е уапсен на аеродромот, но американските претставници не го објавија неговото име.

Дневникот “Њујорк пост” пишува дека во целата приказна е бизарно тоа што федералните истражни органи не покренале постапка против проблематичниот патник, бидејќи ниту еден од патниците не сакал да сведочи за неговото однесување во авионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици