Со помош на едноставен пијалак кој ќе ве освежи, можете да ги намалите масните наслаги кои многу се лепат на вашата половина.
Лимонот и ѓумбирот ќе му помогнат на вашиот метаболизам.
Осум чаши вода се основа за секоја здрава исхрана. Без разлика дали сакаме да загубиме килограми или да ја одржуваме постојната тежина, водата помага сите телесни функции да работат без проблем.
Овошје и зеленчук кои содржат висок процент на вода како лубеницата и компирот исто така се добредојдени.
Нутриционистката Синтија Сас го измисли идеалниот пијалак. Овој освежителен пијалак не е еден од оние непријатни кои морате да ги пиете со затворен нос. Напротив ќе ве освежи и ќе го „истушира” вашиот организам одвнатре.
Пијалак на Сас:
– 8 чаши вода
– 1 кафена лажица изрендан ѓумбир
– 1 лимон исечен на парчиња
– 12 листови мента
Состојките се мешаат со водата, се оставаат да отстојат преку ноќ и волшебниот пијалок се пие следниот ден. Со него но и со умерена исхрана, вашата половина ќе стане потенка, а стомакот порамен без ниту еден ден гладување.