Петмина Австријци поставија нов Гинисов рекорд во должина на гледање телевизија

Од:

Петмина млади Австријци цели 92 часа без прекин гледаа телевизија, со што поставија нов Гинисов рекорд во должина на гледање телевизиска програма.

Целиот „телевизиски маратон“ се одвиваше во еден трговски центар во Виена.

– Кон крајот навистина им беше тешко, изјави организаторот на настанот Мориц Арнолд.

Петмината „рекордери“ на возраст од 19 до 24 години, биле избрани од околу 400 кандидати кои се пријавиле на огласот за учество во соборувањето на рекордот,

Во текот на целиот маратон во гледање телевизија, петмината Австријци имале првао на пауза од по пет минути на секој час.

За да останат будни во текот на целото време, тие користеле статични велоссипеди за вежбање и пиеле кафе и енергетски пијалаци во неограничени количества.

Досегашниот рекорд во должина на гледање телевизија од 91 час, беше поставен во декември 2014 година во канадскиот град Торонто.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски