Пенкалото „3Doodler“ е прво во светот со чија помош може да се црта во три димензии.
Од мината на пенкалото, која е малку поголема од стандардните, излегува АБЦ пластика, која ја користат многу 3Д печатари, со чија помош оној што црта, во зависност од својот талент, создава тридимензионални цртежи на хартија или во воздух, како на пример Ајфеловата кула или некои животни.
При користењето, од ова пенкало излегува загреана пластика која брзо се лади и се стврднува во цврста структура.
Вака настанатиот цртеж е тридимензионален предмет, кој може да се допре и движи.
Револуционерното пенкало, кој е се уште во фаза на прототип, е дело на американската компанија за производство на роботизирани играчки „Wobble Works“, која во 2011 година ја основаа двајца информатички инженери, експерти за вештачка интелигенција.
Пенкалото на пазарот би требало да чини 75 долари.