Германскиот бренд за луксузен дизајн, „Монтбланк“ своето ново пенкало „Хај Артистри Хомејџ“ му го посвети на картагенскиот водач Ханибал.
Пенкалото има ограничен број примероци и цената изнесува речиси два милиони долари.
Тоа е декорирано со дијаманти, бело злато и сафири. Неговото капаче е во облик слон чија сурла го формира држачот за закачување на пенкалото.
Гравурата на конусниот прстен го претставува оклопот што го носела картагенски војска.