Пенелопе Круз ќе биде најстарата Бонд девојка

Од:

Улогата на следната Бонд девојка ќе и припадне на шпанската актерка Пенелопе Круз.

Новиот филм за тајниот агент ќе се снима следното лето, а Круз во април ќе наполни 40 години.

„Дејли мејл“ објави дека Пенелопе Круз ќе биде најстарата Бонд девојка во историјата. Дваесет и четвртиот филлм за најпознатиот таен агент се уште нема име, а најверојатно режисер ќе биде Сем Мендес. Буџетот за новиот филм за Џемс Бонд ќе изнесува сто милиони фунти.

Во моментот титулата најстара Бонд девојка ја има британската актерка Онор Блекмен, која имаше 39 години кога се појави во филмот „Goldfinger“, како Пуси Галор.

penelope-kruz-bond

Пенелопе Круз наскоро треба да се породи, а тоа ќе биде нејзино второ дете со колегата Хавиер Бардем.

– По раѓањето на првиот син Лео, таа брзо се врати во форма, па сигурно и овој пат брзо ќе ја врати совршената фигура. Бонд девојките секогаш не се само убави туку и паметни, а Пенелопе е токму таква, изјави извор близок до перодукцијата.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ