На листата на патници за пат во вселената, планиран за 2014-та година, има и тројца турски државјани.
Авантурата ќе ги чини по 95.000 долари.
Станува збор за претседателот на „Дедеман холдинг“, Мурат Дедеман, една од најуспешните Турчинки во деловниот свет, Аху Ајсал и за поранешниот претседател на фудбалскиот клуб „Фенербахче“, Али Шен.
Туристички патувања во вселената организираат неколку компании во Европа и во САД, а патниците, освен високата цена која треба да ја платата за оваа авантура, треба да исполнат и одредени здравствени стандарди.