Парижанките добија законско право да носат панталони

Од:

На жителките на Париз повеќе не им е забрането да носат панталони, откако во четвртокoт Министерството за правата на жените го укина два века стариот декрет кој се однесуваше на оваа забрана.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, барањето за укинување на забраната за жените да носат панталони ја иницираше сенаторот од редовите на опозициската конзервативна Унија на народното движење (УМП), Алан Ипертон во јули 2012 година.

До укинувањето на декретот жените во Париз имаа право да носат панаталони само во два случаи – ако возат велосипед или јавааѕ коњ, а во спротивно можеа да бидат казнети.

Забраната за носење на панаталони се однесуваше на Париз, каде беше родено движењето на „Сан-килот“ во превод „Без панталони“ за време на француската револуција. За да се разликуваат од аристократите, револуционерите и жените носеа панаталони.

Сепак војната за панталоните во Франција не е завршена. Иако во 1980 година на пратеничките им беше дозволено да влегуваат во Националното собрание во панаталони, членот Л 120-2 од Законот за работни односи се уште им овозможува на работодавците да им забранат на своите вработени жени да носат здолништа или фустан, ако дадат јасно објаснување за овие причини.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз