До пред два дена, папагал престојуваше во притворското одделение во Утрехт, Холандија, a беше „очевидец“ на грабеж извршен од неговиот сопственик.
Полицијата соопшти дека уапсила маж минатиот четврток, откако бил фатен како ограбува продавница. Во моментот на апсењето, на рамото на човекот било неговото домашно милениче, а птицата била однесена во полициската станица заедно со него.
На осомничениот му беше определен притвор, а бидејќи полицајците немале кафез за птици и не знаеле кому да го доверат папагалот, тие го ставиле во една од затворските ќелии.
Припадниците на холандската полиција се погрижија миленичето да пропушти ништо во притвор, и уредно му донесоа чинија со вода и две парчиња леб, за да може да „живее под нормални услови“.
Фотографиите од „уапсениот“ папагал потоа беа објавени на нивниот официјален профил на Инстаграм во кој објаснуваат како папагалот стигнал кај нив.
„Откако го сослушавме осомничениот, беше решено тој и миленичето да бидат земени во притвор. Се разбира се грижиме за двајцата“, се вели во описот на сликата.