„Паметни“ клупи за поврзани пешаци во движење

Од:

Загриженоста за празната батерија на паметните телефони ќе биде минато барем за пешаците во Лондон. Ford и смарт сити стартапот Strawberry Energy ги оживуваат смарт клупите и на пешаците им нудат мобилни полнења со соларен погон и Wi-Fi пристап додека седат и се одмораат низ градот.

Соработката првично обезбедува 20 Ford Smart клупи, што е двојно повеќе од тоа што Strawberry Energy ги инсталирала во текот на оваа година. Освен што овозможуваат луѓето да го користат нивниот уред за планирање на понатамошните патувања, hi-tech уличниот мебел ја следи и бучавата, јаглеродниот диоксид, влажноста и температурата.

– Ние во Ford веруваме дека градот на иднината ќе овозможи луѓето да се чуствуваат среќно, безбедно и поврзано. Ќе гледаме како улиците ќе бидат дизајнирани за да ги опслужуваат граѓаните со широк спектар активности: пешачење, возење велосипед, поврзување со други, возење и се разбира, бизнис и услуги кои ги поддржуваат нашите економии. Пешачењето, заедно со возењето со јавен превоз е дел од тоа како луѓето се движат во град како Лондон. Ford Smart клупите соврешено ги надополнуваат поврзаните животи што ги водиме, вели Сара-Џејн Вилијамс, директор во Ford Smart Mobility Европа.

Пристапот до Wi-Fi и полнењето, безжично и преку портови, е бесплатно за смарт телефоните, за таблети, камери, итн. Исто така, ќе има можност оние кои ги користат урбаните пит-стопови да направат донација за хуманитарните организации „St Mungo’s“, „Rethink Mental Illness“ и „Macmillan центарот за рак“. Фондот Ford Motors Company, филантропска рака на компанијата, ќе одговара за донациите добиени од корисниците на смарт клупите од 10.000 фунти за секоја добротворна организација.

– Без разлика дали се работи за фитнес, погодност или едноставно задоволство да се биде на отворено, многу луѓе уживаат да пешачат, но не се во можност да пристапат кон мапи, социјални медиуми и сајтови за вести додека се движат. Ford Smart клупите во Ислингтон, Луишам и Саутварк повеќе ќе помогнат да се осигура дека пешачењето ќе продолжи да биде клучен дел од тоа како Лондонците ќе уживаат во нивниот град”, вели Милош Милисављевиќ, основач и извршен директор на Strawberry Energy.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска