Балуга кревет дизајниран од Џо Катан од Лондон е прв во светот паметен интерактивен кревет што содржи можност за подесување на контурите на креветот во зависност од телото, нуди масажа и има вграден звучен систем за забава.
Во креветот е вграден и систем за контрола на температурата и сигурносни системи – аларам за чад и детектор на оган.
Креветот може да биде синхронизиран за забава или проектирање слики на ѕид.
Конзолата за изграње може да ја поврзете со креветот и вашиот кревет ќе вибрира како што вибрира и гејм-пад по извесен ефект во играта.
Балуга креветот е направен од мали воздушни балони прекриени со пена што се прилагодува на вашата тежина и големина. Целосно е рецикличен и има гаранција од 20 години. Во продажба ќе биде од ноември со цена од околу 1.200 евра.