Современите деловни простории се повеќе делуваат како втора куќа и ја пружаат целата комоција на модерните домови.
Амбиентот на канцелариите не може да се смета за идеален ако не поседува карактеристики кои овозможуваат непречена работа, тишина, ведра и весела атмосфера, лагодна работна средина, добар фенг шуи, целосна опрема за работа, но и се она што потсетува на работа и овозможува експанзија на креативност и социјализација, како што се кујни со топли и ладни пијалоци, простории за одмор и релаксација, па дури и соби за играње.
Во врска со тоа, можеме слободно да заклучиме дека одамна поминаа деновите кога канцелариите беа импресионистички простории со бесконечно партиции обоени во светла боја. Модерниот канцелариски простор внесува со себе одредена доза на личност комбинирана со чувство на гостољубива топлина и релаксација, со средина која обезбедува продуктивност и интеракција.
Канцеларискиот простор „Офис Спејс“ во Познањ содржи дрво и бела боја за да креира впечатливо и богато работно опкружување. Дрвото е материјал кој пружа уникатен изглед на оваа канцеларија заедно со паркетот од рибина коска и други форми кои пружаат визуелен контраст.
Акустиката игра најважна улога внатре во оваа канцеларија со специјално креирани панели од шперплоча кои се исполнети со звучно апсорпциски влакна кои заедно со собните цвеќиња внесуваат свежина во работниот амбиент. Секој дел на изолација е внимателно поставен за да оневозможи непотребна галама притоа оставајќи ги сите површини визуелно поврзани.
Отворената природа на работната зона на вработените дозволува со леснотија да споделуваат идеи додека истовремено создава многу поголемо работно опкружување во кое никој не се чувствува изолиран.
Паметните сали за состаноци со стаклени врати, големи конференциски соби, конверзациски простории, површини за релаксација и големо лоби ја комплетираат оваа современа канцеларија.