Атрактивната блондинка, ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон се омажи за филмскиот продуцент Џон Питерс.
Информацијата која одекна во светските медиуми како гром од ведро небо е дека Памела Андерсон (52) во понеделникот во Малибу го кажала судбоносното „да“ на 74 годишниот продуцент.
Двајцата се забавувале пред 30 години, а неодамна одлучиле повторно да започнат романса.