„Падна“ Фејсбук: Корисниците масовно пријавуваат проблеми

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук има проблеми од утрово. Бројни корисници во неколку земји низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија, пријавуваат дека одеднаш не можат да пристапат до своите сметки.

Проблемите започнаа околу 10 часот наутро по локално време, а поплаките постојано пристигнуваат за мобилната апликација, но повеќе за десктоп верзијата.

Корисниците пријавуваат дека гледаат бел екран на своите компјутери кога се обидуваат да пристапат до Фејсбук.

„Ми кажува дека мојата сметка моментално е недостапна“, се пожалија корисниците.

Корисниците низ целиот Балкан имаат проблеми со пристапот.

Во моментов не е познато што се случува.

Би можело да ве интересира

Историска пресуда во САД: „Мета е одговорна за штетата предизвикана на децата“

Притворен е 49-годишен маж од Тетово кој „делеше“ закани на Фејсбук

Горан Наумовски

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕУ става крај на политичкото рекламирање на Фејсбук и Инстаграм, новите правила на сила од октомври

Предраг Петровиќ

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ