Филмот на Дизни „Oz the Great and the Powerful“ за време на првиот викен од прикажување заработи 80 милиони долари.
Снимањето на овој филм чинеше 200 милиони долари, а дополнителни 100 милиони се потрошени во маркентишки цели. Во филмот глумат Џејмс Франко како волшебникот, како и Мила Кунис, Мишел Вилијамс и Рајчел Вајс, како трите вештерки.
На второ место е 3Д акцијата на компанијата Ворнер брадерс „Jack the Giant Slayer“ со заработка од 10 милиони долари.
Комедијата на Јуниверзал „Identity Thief“ е на третата позиција со три милиони долари.
Драмата „Dead Man Down“ на компанијата Филм дисктрикт, каде глуми Колин Фарел, е на пето место, со заработувачка од 5,43 милиони долари.