Оваа година би можело да се продадат повеќе од еден милион „паметни“ часовници

Од:

„Паметните“ часовници постојат речиси една деценија, но досега никој не ги забележувал. Проектот на „Кикстартер“ наречен „Pebble“ предизвика огромен интерес и најави за идните часовници.

Судејќи според најавите, сите големи брендови се во игра. Фирмата за истражување на пазарот „АБИ Рисрч“ предвиде дека оваа година ќе бидат продадени повеќе од 1,2 милиони „паметни“ часовници.

За тоа постојат неколку причини, а се истакнува големото пробивање на смартфоните во сите делови од светот, пристапноста и ниските цени на МЕМС сензорите, енергетски ефикасната безжична конекција како што е Блутут 4.0, но и се поголемиот развој на оперативните системи и апликации.

Се наведува дека на самиот почеток на пазарот ќе се појават неколку видови на „паметни“ часовници: оние кои ќе прикажуваат известувања, кои ќе бидат контролирани со глас, хибридни часовници и оние кои ќе функционираат целосно независно од мобилен телефон или таблет.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска