Кикстер проектот „Ouya“ ги испорача првите нарачки на конзолата за видео игри, а на пазарите во САД, Канада и Велика Британија ќе се најде од 4 јуни.
„Ouya“ работи на Андроид оперативен систем и доаѓа по цена од 99 долари. Платформата на конзолата се наоѓа на Тегра 3 чипсет со четири Кортекс А9 јадра на 1,7 Гигахерци, како и еден гигабајт РАМ и 8 ГБ вградена меморија.
Конзолата доаѓа со еден безжичен контролер, а за втор е потребно да се доплатат 49 долари.
„Ouya“ може да се поврзе со телевизор, има ХД графика, квалитетен звук, а за почеток се достапни 104 бесплатни игри, меѓу кои „Final Fantasy III“, „Beast Boxing Turbo“ и „Stalagfight“.
Според основачот на проектот Џули Урман веќе во првиот месец се продадени десетина илјади конзоли. Сите игри за конзолата ќе биде можно бесплатно да се преземат и испробаат, пишува Слаш Гиар.
Конзолата поддржува и видео стриминг и апликации за музика. Таа претставува сериозна закана за најпопуларните конзоли за видео игри Сони Плејстејшн, ИксБокс 360 и Нинтендо Вии.