Отворен повик за учество на десет студенти од факултетите за дизајн на петдневна работилница за дизајн на мебел и декоративно осветлување во центарот за иновации и дизајн „Јавна Соба”.
Работилница, според организаторите, е наменета за сите студенти на факултетите за дизајн кои кои сакаат да научат како од идеја се доаѓа до готов производ за продажба, како може да се заработува како дизајнер, да искусат процес на истражување, производство и промоција, и бенефитот од тимска работа.
Учеството во работилницата е бесплатно и пријавувањето ќе трае од 13 до 20 јуни. Сите заинтересирани треба да испратат портфолио со студентски проекти, професионална биографија и кратко мотивационо писмо за учеството на работилницата.
Работилниците ќе се одржат од 26 до 30 јуни во „Јавна Соба“ во Скопје, каде учесниците ќе скицираат концепти и ќе изработуваат макети за производи, кои во периодот јули – август ќе бидат изработени, а во септември ќе бидат претставени на продажна изложба.