Отстранете го непријатното чувство на воспалено грло

Од:

Поради собирање на воспалена слузница во грлото, можете да имате речиси постојано непријатно чувство. Британскиот оториноларинголог Нил Бетјман појаснува дека проблемите кои ги создава слузницата или воспалениот секрет понекогаш тешко е да се дијагностицираат и лекуваат.

Опишаните проблеми често се припишуваат на синуситис, што се лекува со разни спрејови за нос но не е чудо ако овие симптоми всушност немаат никаква поврзаност со синусите, особено ако не се придружени со затнат нос или непрекинато течење на носот.

Најдобар начин со сигурност да се утврди дали страдате од синуситис или не е преглед кај хирург оториноларинголог.

И додека е сосема нормално носот да произведува големи количини слузница – која кај повеќето луѓе поминува низ грлото без тоа да го забележат, некои пациенти тоа го чувствуваат многу силно.

Чувството дека понекогаш слузта ќе се „залепи“ за задниот дел на ѕидот на грлото е многу непријатно, а може да предизвика и враќање на желудочната течност или киселина. Со преглед кај специјалист кој ќе користи метод на ендоскопија и флексибилен телескоп кој минува низ носот, проблемот може да се дијагностицира. Ако проблемот предизвикува желудочна киселина наједноставен третман се средства кои ја намалуваат киселината пред и по јадењето.

Кај некои пациенти овој проблем не може да се идентификува. Во тој случај единствено што преостанува е олеснување на симптомите. Докторот Бејтман советува пиење на големи количини вода бидејќи дехидрацијата може да ја направи слузта уште понепријатна. Некои луѓе утврдиле дека минералната вода им е особено корисна за прочистување на грлото.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска