Последните испитувања на американските научници на Калифорнискиот универзитет покажале дека супстанцата триклосан која се наоѓа во различни пасти за заби, сапуни, кармини и антибактериски води за испирање на устата е опасна за здравјето на луѓето.
Испитувањето кое е извршено на глувци и ситни риби покажало дека 20 минути по нивното изложување на дејството на триклосан, кое иначе има антибакетриски своства функцијата на срцето се намалува за цели 25 проценти. Кај луѓето, оваа супстанца оневозможува сигналите од мозокот да се испратат во мускулите и директно е одговорна за пад на срцевата функција за 10 проценти-се открива во овој научен труд, во кој професорот Ајзак Песах нагласува дека за срцевите болни употребата на триклосан може да биде фатална.
Најопасна сепак се смета употребата на кармините и пастите за заби бидејќи оваа хемикалија стигнува во организмот по орален пат, а како што е утврдено тука се задржува и преку крвотокот се пренесува низ целото тело.
Парабен предизвикува рак на гради
Неодамна е утврдено дека состојката парабен може да предизвика рак на дојка бидејќи во големи количества е пронајден кај жените кои оболеле од оваа оболест. Парабенот може да се најде во многу производи, и неговото насобирање во организомот уште од младоста се смета дека предизвикува рак на дојка. Парабенот го има во кармините, лосионите, хидратантните креми, кремите за сончање. Парабенот се крие зад називите метилпарабен, етилпарабен но и други.
Ште е триклосан?
♦ Триклосанот е откриен пред 50 години, а прв пат се користел за дезинфекција пред и после хируршки зафати.
♦ Поседува антибактериско дејство,
♦ Лабораториските анализи потврдиле дека поттикнува генетски мутации во бактериите кои испуштаат протеини.
♦ Поради него е дојдено до мутација на ешерихија коли, на салмонела, МРСА и листерија, кои станаа имуни на него.