Откриено како Фејсбук „краде“ на милијарда видео прегледи

Од:

Компанијата „Фејсбук“ неодамна соопшти дека на неговата социјална мрежи дневно се прегледуваат повеќе од осум милијарди видеа.

Но, како што јавуваат американските медиуми, тоа тврдење ќе беше навистина импресивно, ако не излезеше податоткот дека 17 милијарди од тие прегледи се „украдени“ од Јутуб, само во првиот квартал од 2015 година.

Според ова тврдење, видеата од Јутуб се „крадат“ и потоа се прилепуваат на Фејсбук, при што алгоритмот е така наместен што видеото на социјалната мрежа директно се поврзува со Јутуб и во исто време се бројат прегледите на двете платформи.

Истите извори тврдат дека Фејсбук се служи со лаги и за самите прегледи на видеата, затоа што едно видео се брои како „прегледано“, дури и ако само го пуштите на три секунди.

Така кога ќе ги прегледувате новостите на вашиот ѕид и налетате на видео на кое не сте кликнале, само ако застанете на него на три секунди, тоа ќе се брои како преглед.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он