Откриен протеинот што предизвикува губење на помнењето

Од:

Протеин што се акумулира во крвта веројатно е причина за губење на помнењето и создава потешкотии при учењето кај повозрасни лица, покажува истражувањето на американски научници, што создава можност за успешна борба против слабењето на когнитивните способности.

Научници од Универзитетот во Сан Франциско го идентификувале молекулот Б2М Бета-2 микроглобулин како елемент кој негативно влијае на когнитивните функции и нивната обнова кај повозрасните лица, се наведува во списанието „Нејчр Медисин“.

Концентрацијата на е Б2М зголемена во крвта кај повозрасните лица, а истиот ефект е утврден и кај лабораториски глувци.

Во едно од истражувањата вбризгани се дози на Б2М во крвта или директно во мозокот на млади глувци, а последицата била оштетување на функцијата за учење и помнење и намалување на процесот на обнова на невроните.

Меѓутоа, се чини дека делувањето на тие молекули не е трајно, бидејќи по 30 дена од вбризгувањето немало повеќе дефицит во учењето и помнењето, што зборува дека ефектите на протеинот на слабење на когнитивните функции не се неповратни, пишува „Нејчр“.

– Воодушевени сме со тие резултати, бидејќи покажуваат потенцијални начини когнитивните нарушувања да се свртат во друга насока, напиша еден од авторите на натписот Саул Виледа од Универзитетот во Сан Франциско во Калифорнија.

Старењето се поврзува со прогресивна работа на когнитивните функции и прогресивно успорување на процесот на обнова на невроните во мозокот.

– Старењето е главен ризичен причинител за невродегенеративните болести од типот деменција како Алцхајмеровата болест, наведуваат научниците.

Тие истакнуваат дека потребно е подобро да се запознае механизмот кој води до старење на мозокот за тој помалку да биде изложен на когнитивна дисфункција, а молекулот Б2М може во тоа да биде добар почеток.

Во друго истражување истите научници со генетски средства го елиминирале молекулот Б2М во глувците и откриле дека глувците кои го немале овој молекул не страдаат од губење на памтењето.

Следниот чекор е да се развие молекул кој ќе ги блокира ефектите на протеинот Б2М или ќе го отстрани од крвата на лице кое е во повозрасни години од животот.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска