Островот каде што ќе се одржи самитот Трамп-Ким крие мрачна историја

Од:

Островот Сентоса во Сингапур, на кој во вторник треба да се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денес важи за место на луксузот, но во минатето на него се пролевала крв, наведува ДПА.

Сентоса, кој се наоѓа јужно од градот Синагпур, денес е познат по бујната вегетација, луксузните хотели и пространите терени за голф. На островот може да се најдат луксузни казина, забавен парк, пристаниште за скапи јахти и вили на самите плажи, кои чинат десетици милиони долари. Свои куќи на Сентоса имаат и некои од најбогатите луѓе во светот.

Покрај луксузот, изборот на Сентоса како место за одржување на Самитот е логичен и од логистичка гледна точка. Островот се наоѓа на само 500 метри од Сингапур и до него се стига главно по една рута. Тоа овозможува приватност и го олеснува гарантирањето на безбедноста.

Но, зад рајската фасада на Сентоса, лежи крвава историја. До 1830 година, локалното малајско население островот ги нарекувало Палау Белуканг Мати, што во буквален превод значи „Остров каде смртта демне зад аголот“.

Историчарите имаат различни теории за потеклото на ова име. Некои шпекулираат дека тоа може да биде од времето на пиратските напади, грабежи и крвопролевања во областа.

За време на Втората светска војна, јапонските окупаторски сили го користеле островот како логор за британски и австралиски воени заробеници, а на неговите плажи вршеле масовни егзекуции на локалните Кинези осомничени за антијапонски активности.

Во 1972 година, сингапурската Владата започнала со обнова на островот и развој на туризмот, кога тој е и преименува во Сентоса, што на малајски јазик значи „Состојба на мир и спокојство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска