Основци од Крива Паланка направија најголема еколошка елка во Македонија

Од:

Учениците од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка изработија најголема еколошка новогодишна елка во Македонија, употребувајќи ја својата креативност и инвентивност.

Елката е висока 4 метри и со пречник од 2 метри, а во нејзината изработка се искористини 2.000 пластични ќеси, хартија за декорација и дрвени летви.

Еколошката елка е дело на учениците од четврто, петто и од седмо одделение од ОУ „Илинден“, а идејата е на креативните наставници Добри Јовевски, одделенски наставник и Елена Таскова, наставник по англиски јазик.

– Секако во изработката имаше соработка и од другите наставници. Покрај изгледот, целта ни беше да направиме и корелација со повеќе предмети. Би ги издвоиле математиката каде во дрвената конструкција учениците ги препознаваа и именуваа правите и аглите, по предметот природа зборуваа за здрава животна средина и во однос на англискиот јазик учениците кажуваа новогодишни термини. Но основната цел беше  училиштето да се  промовира како Еко училиште и во 2015 година да се закити со Зелено еко знаме, истакнува наставникот Добри Јовевски.Како основа за елката е користена дрвена конструкција, а овој неодминлив новогодишен симбол го краси холот на училиштето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ