Политичките и бизнис лидери од целиот свет во Давос на швајцарските Алпи беа пречекани од од снежно невреме, а во борбата против студот, основачот на Алибаба, Џек Ма, се облече со неговата омилена јакна.
Тој носи јакна од компанијата „Канада Гус“ и тоа женски модел.
Ма оваа јакна ја носеше и на претходно прилики, вклучително и при средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, минатиот јануари.
Кинеските медиуми објавија дека јакната е женски модел бидејќи темнозелената боја е само за женската јакна, која што чини 634 американски долари.