Доделувањето на Оскарите во февруари ќе биде во чест на филмовите за тајниот агент, Џејмс Бонд.
Филмовите за агентот повеќе децении се номинирани за оваа престижна филмска награда, а според пишувањата во медиумите, „Skyfall“ би можел да биде номиниран во две категории.
Последниот филм за Џејмс Бонд ги сруши рекордите на гледаност и заработка низ целиот свет. За време на празниците, „Skyfall“ стана првиот филм кој заработи повеќе од 100 милиони фунти во киносалите низ Велика Британија, додека од прикажувањата низ светот заработи над милијарда долари.
„Почнувајќи од филмот „007“ од 1962 до денес, Бонд филмовите станаа филмски феномен и најдолга подвижна сила во историјата на филмот“, рекоа продуцентите на церемонијата Крег Задан и Нил Мерон.
Доделувањето на Оскари ќе се одржи на 24 февруари, а преносот ќе се одвива во 225 земји низ светот.