Опасна игра за деца на интернет – исчезни 48 часа

Од:

Нова опасна игра се појави на социјалните мрежи, а се состои во тоа тинејџерите да избегаат од дома на минимум 48 часа, со што ќе ги загрижат родителите кои пак ќе го пријават исчезнувањето во полиција.

Социјалните мрежи повторно се покажуваат за погоден терен за развивање опасни трендови, посебно кај тие што не се доволно зрели правилно да ги користат. Како што се објаснува во предизвикот, целта е детето да избега од дома доволно долго за исчезнувањето да биде пријавено, а што повеќе се нервираат родителите и што повеќе време помине, толку повеќе бодови се добиваат.

– Колку што сме информирани по интернет е актуелен некој „48 часа предизвик“, кој го играат тинејџерите за да се пријави нивното исчезнување. Мора да се обрне внимание дека е тоа глупост, и да не им се даде простор на манијаците некој навистина да исчезне, се пишуваат предупредувања на интернет.

Правилата на играта се да се охрабри детето да избега од дома и да исчезне барем два дена. Овој „нездрав“ тренд дава дополнителни поени за секакви објави на социјалните мрежи додека го нема детето.

Предупредување за оваа игра почна да кружи по интернет уште во октомври 2017 година, а по се изгледа дека предизвикот повторно стана популарен. Досега се регистрирани случаи во кои децата навистина исчезнале по играњето на овој предизвик и за некои од нив се уште се трага.

Меѓутоа по се изгледа е работи за варијација на игра која пред неколку години постоеше во Западна Европа и која траеше 72 часа. Во Македонија засега не е регистрирана оваа игра.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он