Околу 75 проценти од родителите во првите 60 минути по раѓањето на детето објавуваат негова фотографија на социјалните мрежи, покажуваат најновите истражувања.
– Најпопуларни интернет-страници за објавување на првите фотографии на бебињата за 77 проценти од родителите се Фејсбук и Инстаграм, објави „Дејли мејл“.
Околу 64 отсто од 2.500 родители на деца на возраст до пет години признаваат дека повеќе пати дневно ставаат слики од своите деца на социјалните мрежи, додека 21 процент тоа го прави неколку пати месечно. Само шест отсто од родителите никогаш не ставиле ниту планираат да стават слика од децата на Фејсбук, бидејќи не сакаат да ја нарушат приватноста на семејството.
Меѓу првите пет причини за поставување на фотографии на децата на интернет родителите ги наведуваат покажување на бебињата на роднините и на пријателите кои живеат во странство, но и како начин на изразување на својата љубов кон детето и како идеална локација за собирање на спомени.