Еден ден пред отворањето на 48. меѓународен филмски фестивал во чешкиот град Карлови Вари, француската актерка Одри Тоту, која беше најавена како една од главните гости, го откажа своето присуство.
– Многу ни е жал, најмногу поради тоа што благодарејќи на филмот Амелија од Монмартр, кој пред неколку години токму во Карлови Вари победи е поврзан со неговата главна актерка Тоту, изјави претседателот на Фестивалот, Јиржи Бартошка.
Годинешниот Фестивал ќе биде во знакот на францускиот филм „Пена на денот“ и сега ќе биде претставен само од режисерот Мишел Гондру, а не и од атрактивната носителка на главната улога, Одри Тоту.
На престижниот филмски фестивал кој ќе се одржува од утре до 6 јули, покрај американскиот режисер Оливер Стоун е најавено присуство и на актерот Џон Траволта.