Одредено количество на кафе го продолжува животниот век

Од:

Пиењето три филџани кафе дневно може позитивно да влијае на долговечноста, се тврди во британска студија изработена врз основа на истражување направено со половина милион Европејци.

Студијата на научници од Меѓународната агенција за истражување на рак при Колеџот „Империјал“ во Лондон, покажа дека дополнителен филџан кафе може да го продолжи животниот век, дури и ако е во прашање кафе без кофеин.

Меѓутоа, самите експерти се скептични и истакнуваат дека е невозможно со сигурност да се каже дали кафето има заштитен ефект на начинот на животот на тие кои пијат кафе. Тие велат дека за сега не е потребно да се пие дополнителен филџан кафе.

Тоа што го покажа нивното истражување е дека постои поврзаност на пиењето повеќе кафе и намалениот ризик од смрт, посебно кај болести на срцето и стомакот. Овој заклучок го извеле анализирајќи податоци на здрави луѓе постари од 35 години од 10 европски земји.

Испитаниците на почетокот на студијата одговарале на тоа колку кафе пијат секојдневно, а потоа бил следен нивниот начин и должина на животот.

Професорот Дејвид Шпигелхалтер од Кембриџ вели дека, ако навистина кафето го продолжува животниот век, тоа би значело дека дополнителен филџан кафе секој ден во просек додава три месеци живот на мажите и околу месец дена на жените. Меѓутоа, тој се оградува додека студијата не биде потврдена со некои други појасни фактори.

Можеби лицата кои пијат три кафиња дневно повеќе се социјализираат, па тоа ја подобрува нивната целосна состојба. Меѓутоа, од друга страна, истражувачите откриле дека жените кои пиеле поголемо количество на кафе имале поголема стапка на рак на јајници. Инаку, студијата ги исклучила болните од дијабетес, од срцеви болести или шлог.

Тогаш, дали кафето е добро за нас? Претходните студии даваа контрадикторни резултати. Кофеинот влијае различно и на здравите луѓе, иако повеќето велат дека тоа ги прави будни. Иако не постои ограничување за внес на кафе, британските научници велат дека бремените жени не треба да внесуваат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно, а и постојат случаи во САД кога лица починале од внес на преголема доза на кофеин за кусо време.

Би можело да ве интересира

Папуа Нова Гвинеја го доби првиот министер за кафе

А1он

Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони

А1он

Кајмакоски во болница, пријавил дека поранешната сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Маја Илиевска-Пачемска

Експертите за кафе откриваат: Зошто ние го подготвуваме еспресото на погрешен начин?

А1он

Алгоритам што пресметува кое е најдоброто време за кафе

Ана Ололовска

Најскапото кафе на светот: Еден филџан чини 75 долари

Ана Ололовска