Папуа Нова Гвинеја го доби првиот министер за кафе

Од:

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја го објави новиот состав на владата, кој вклучува не само некои нови лица, туку и некои нови позиции, вклучително и функцијата министер за кафе, пренесува „Танјуг“.

Оваа функција, прва од ваков вид во светот, ја покажува посветеноста на владата за проширување на клучните земјоделски индустрии, рече премиерот Џејмс Марапе, кој победи на реизборот на почетокот на овој месец по парламентарните избори нарушени со насилство и наводи за измама на гласачите, објави лондонски „Гардијан“.

Марапе за прв пат назначи и министер за палмино масло.

„Овие именувања значајно го нагласуваат земјоделството, за да можеме да видиме раст на земјоделството во земјава“, рече тој објавувајќи го составот на новата влада од 33 члена.

Првиот министер за кафе на Папуа Нова Гвинеја е новоизбраниот пратеник Џо Кули од областа Англимп-Јужна Ваги, во регионот на централните висорамнини.

Кафето од оваа земја се појави во последниве години како посакуван увоз, при што кафулиња ширум Австралија, САД и Јапонија служат кафе направено од зрна одгледувани во Папуа Нова Гвинеја.

Би можело да ве интересира

Цената на кафето руши рекорди

А1он

Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони

А1он

Кајмакоски во болница, пријавил дека поранешната сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Маја Илиевска-Пачемска

Силен земјотрес регистриран на Папуа Нова Гвинеја

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Ана Ололовска

Експертите за кафе откриваат: Зошто ние го подготвуваме еспресото на погрешен начин?

А1он