Експертите за кафе откриваат: Зошто ние го подготвуваме еспресото на погрешен начин?

Од:

Според новата студија објавена минатата недела во академското списание „Matter“, ние како општество го подготвуваме еспресото погрешно.

Во новата студија,  „Систематските подобрувања на еспресото: Поглед од математичкото моделирање и експериментирање“, авторите тврдат дека оние што го подготвуваат кафето – дома и во кафулињата, користат премногу зрна и ситно мелено кафе кое резултира со загубен сиров материјал и недоследен вкус.

„Со упатство од нашиот модел, ние ја истакнуваме постапката за елиминација на овие пропусти“, се вели во студијата.

„Повеќето луѓе кои работат во кафе индустријата користат поставки на фино мелење и додаваат премногу зрна кафе за да добијат мешавина од горчина што е непродуктивна“, кажал коавторот на студијата Кристофер Хендон, компјутерски хемичар од Универзитетот во Орегон.

Експертите предлагаат 15 грама наместо 20 грама кафе по доза, тоа би ја намалила содржината на кафе што се користи во еспресото за 20 проценти и со тоа би имале значајно економско влијание и како и поодржлива конзумирачка иднина на кафето“.

„Најдобрите практики за екстракција се екстремно зависни од потеклото на зрното“, соопшти Адам Будник, бариста во снабдувањето со кафе „Кетнер“.  Тоа вклучува присуство на млечна киселина заснована на подигнување, ферментација на лушпата од кафето како и процес што влијае на присутните шеќери.

Би можело да ве интересира

Цената на кафето руши рекорди

А1он

Папуа Нова Гвинеја го доби првиот министер за кафе

А1он

Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони

А1он

Кајмакоски во болница, пријавил дека поранешната сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Маја Илиевска-Пачемска

Алгоритам што пресметува кое е најдоброто време за кафе

Ана Ололовска

Најскапото кафе на светот: Еден филџан чини 75 долари

Ана Ололовска