Жените кои одат најмалку 210 минути, односно три и пол часа неделно, се под помал ризик од шлог отколку оние кои одат малку или воопшто не се движат, утврди најново истражување во Шпанија.
Тимот, со кој раководеше Хозе Мариа Хуерта од Регионалната здравствена управа на Мурсија, утврдил дека жените кои одат со брзо темпо најмалку 210 минути неделно се под помал ризик од шлог не само во однос на оние неактивните, туку и во однос на жените кои пократко време се занимаваат со поинтензивна физичка активност, како што е возење велосипед.
Врз примерок од над илјада жени, кои од средината на 90-те години учествувале во една 12-годишна европска студија за канцер, шпанскиот тим утврдил дека жените кои доволно одат се под 43 отсто помал ризик од шлог останатите.
Кај мажите кои учествувале во истото истражување, не е воочен помал ризик од шлог кој би бил во врска со типот или интензитетот на физичката активност, за што шпанскиот тим нема објаснување.