Од затвор, на улица, па можеби до „ѕвезда“ на улицата на славните

Од:

Изгледа среќата му се насмеа на скитникот Џејмс Парсел, кој без покрив над главата секојдневно талка по улиците на Бронкс и пее. Неговиот фантастичен глас го забележал менаџерот Кенет Вилијамс и се чини дека неговото богатство наскоро само ќе си дојде.

Персел стана познат на „јутјуб“, каде што повеќе од еден милион луѓе го слушнаа неговиот силен глас.

Менаџерот случајно го сретнал и го слушнал како пее. Не можел да сфати како некој талентиран како Персел завршил на улица.

„Се може да ти се случи во животот. Живеев за музиката, постојано бев на работ. Покрај тоа, бев себичен. Околу пет години живеам на улица“, објаснил Џејмс.

Поради грабеж на банка, некое време поминал во затвор, а понекогаш оди да преспие кај жена му со која имаат седум деца.

Вилијамс е убеден во успехот на бескуќникот.

Дуото наскоро патува во Лос Анџелес, каде што ќе работат заедно и можеби ќе падне и некое милионче.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД