Научниците се уште не знаат за каква астрофизичка појава станува збор, но истакнуваат дека не се работи за дело на вонземјани. Според најновата теорија, необичните флуктуации на светлината се предизвикани од материјата во ѕвездите, која моментно преминува од една во друга фаза
Дејли Меил – Лондон
Од соѕвездието Кочијаш, оддалечено околу три милијарди светлосни години, стигнаа уште шест нови мистеризони сигнали, јавуваат научниците.
Низата од шесте нови сигнали, од кои секој трае по неколку милисекунди, ја открија астрономите од Универзитетот Мекил во Монтреал, со помош на телескопот „Грин Бенк” во Западна Вирџинија и опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико.
Научниците се уште не знаат за каква астрофизичка појава станува збор, но истакнуваат дека не се работи за дело на вонземјани. Според најновата теорија, необичните флуктуации на светлината се предизвикани од материјата во ѕвездите, која моментно преминува од една во друга фаза.
– Една од најважните работи е периодичноста. Малите и големите настани во ѕвездите не се случуваат во редовни временски интервали, што е главна мистерија во врска со кривата на нејзината светлина”.
Изработката на математичкиот модел покажа постоење на „статистички лавини” – карактеристични образци поврзани за периодите на затемнување на светлината на ѕвездите.
Се случуваат и помали и поголеми лавини, кои можеби се поврзани за самата ѕвезда. Таа може да се наоѓа на премин во следна фаза, во која нејзината материја би преминала од една агрегатна состојба во друга, на пример од течна во гасовита состојба, или од гасовита состојба во плазма.