Од полицијата барале да им го врати Фејсбук

Од:

Што да се прави кога ќе „падне“ страницата на вашата омилена социјална мрежа? Иако тоа ретко се случува, токму тоа се случи вчера попладне во Америка, а веста како „ургентна“ истиот момент ја пренесе ТВ мрежата Ен-Би-Си.

И додека повеќето стрпливо чекале страницата одново да „проработи“, не бил мал бројот и на оние граѓани кои се јавувале во полиција и барале да им се врати Фејсбук.

Наредникот Бартон Брин од полицијата на Лос Анџелес „спас“ од ваквите телефонски повици пронајде на Твитер, каде напиша:

#Фејсбук не е во наша надлежност, ве молиме престанете да се јавувате затоа што паднал, ние не знаме кога ќе се врати ФБ!

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он