Од Њујорк до Токио за час и половина

Од:

XCOR, приватна ракетна компанија објави слики на Lynx, првото суперсонично летало кое ќе ги превезува богатите патници до вселената најрано од 2014-та година

Повратниот билет за пат од 45 минути ќе чини околу 95 илјади долари, рече претставникот за медиуми на XCOR, Брајан Кампен.

Lynx е суперсоничен авион кој ќе ги пренесува патниците од Њујорк до Токио за 90 минути. Таквото летало ќе полетува и слетува како обичен авион, но дел од патот ќе лета надвор од атмосферата, 100 километри над земјата.

Првите комерцијални летови помеѓу Њујорк и Токио би требало да бидат достапни во наредните 20 години.

Плановите за производство на Lynx, вреден 10 милиони долари прв пат се објавени во 2008-та.

Пробните летови на Lynx ќе започнат на почетокот на 2013-та година, а потоа на инженерите би им требало помеѓу 12 и 18 месеци да ги поправат сите евентуални проблеми.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска