Од малигни болести годишно заболуваат 350 деца во Србија

Од:

Секоја година во Србија од малигни болести заболуваат 350 деца на возраст до 19 години, а најчести се ембрионални тумори, леукемија, тумор на мозок и лимфоми.

– Нашата земја според зачестеност од заболување од малигни болести кај децата не се разликува многу од другите земји во регионот. Во Србија е регистриран пораст на стапката на заболување од овие болести, но она што е значајно е дека стапката на смртни случаи од рак кај децата се намалува, изјави епидемиологот на Институтот за јавно здравство на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, Снежана Живковиќ-Перишиќ.

По повод Меѓународниот ден на децата заболени од рак, кој се одбележува утре, 15 февруари, таа нагласи дека прогнозата за малигните болести зависи од возраста на децата и стадиумот на болеста.

– Брзата дијагностика и соодветната терапија овозможија петгодишното преживување на децата заболени од рак, денес да се зголеми за 30 отсто, истакна доктор Живковиќ-Перишиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани