Објвена публикацијата „Модата и културното наследство“

Од:

Британски совет и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија подготвија публикација, која е резултатот на проектот „Модата и културното наследство“ во чии рамки беа реализирани работилницата „Модата како уметност“ и изложбата „Свадбени приказни“.

Уредници на публикацијата се Гордана Вренцоска и Жарко Конески. Публикацијата ги документира процесот и финалните дела кои произлегоа од проектот, во чија реализација покрај партнерите, учествуваа и НУ Музеј на Македонија и Моден Викенд Скопје.

– Со овие партнери споделивме заедничка цел – поддршка на потенцијалот на млади креативци, поголем интерес на модните дизајнери и општата публика за богатото културно наследство и презентација на креативната синергија помеѓу современата мода и традиционалните шари, ткаенини и облеки преку изложба наменета за широката публика. Модата, развојот на културните институции и промоција на различни креативни сектори се дел од поддршката која ја даваме во поттикнувањето и развојот на креативната економија во Македонија и светот, се наведува во соопштението од Британскиот совет.

Публикацијата, како што се посочува, не се осврува само на делата создадени од младите дизајнери. Низ примерот на посочената соработка се дава и преглед на капацитетот на креативните индустрии кои може да понудат развој, соработка, вмрежување и културен и економски напредок на едно креативно и иновативно општество.

Публикацијата е објавена електронски и може да се прегледа и зачува од: http://www.britishcouncil.mk/programmes/arts/creative-economy/fashion-and-cultural-heritage-publication.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска