Дигиталниот уметник од Истанбул, Алпер Јешилтас, со помош на вештачка интелигенција, покажа како познатите личности би можеле да изгледаат во иднина кога ќе остарат, доколку не се подложат на радикални методи за подмладување.
Тој на Инстаграм објави илустрации од проектот наречен „Young Age“, кој стана многу популарен не само на споменатата социјална мрежа, туку и на конкурентските платформи.
Алпер ги „остарел“ некои од најголемите ѕвезди на нашето време. Меѓу нив има оскаровци, музички и спортски ѕвезди.
На неговиот Инстаграм профил може да се најдат Ема Стоун, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Грета Тунберг, Дуа Липа, Џастин Бибер, Рајан Гослинг, Били Ајлиш, Роберт Патисон и Хари Стајлс.
Меѓу другото, Алпер направи и постара верзија на Мадона без естетски интервенции, а сите се согласија дека тоа е најверодостојната верзија на поп ѕвездата што можеше да се случи доколку пејачката не користеше филери, ботокс и неколку фејслифтинг во последните 10. години.