Џастин Бибер фотографиран во бањарка на улица, многумина веруваат дека се бори со тешка депресија

Од:

Џастин Бибер е фотографиран на улица облечен во бањарка. Тој веќе извесно време е под лупата на јавноста поради занемарениот изглед, а новите фотографии дополнително ги загрижија неговите фанови.

Пејачот изгледа уморно и испиено, а забележливо е дека ослабнат многу.

„Што се случува со овој човек?“, „Мислам дека конечно е време тој да побара помош од психијатар. Нема срам во тоа“, „Тажно е да се види како неговата психичка состојба се влошува од ден на ден“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Се шират гласини дека се разведува од Хејли Бибер. Иако во неколку наврати изјавија дека нивниот брак не е во криза, многумина веруваат дека наскоро ќе се разделат.

Хејли неодамна објави на социјалните мрежи: „Не сум совршена. Ме одбија, но сепак имам цел“. Оваа порака беше причина за дополнителни шпекулации за разводот.

Пејачот неодамна прекина да ја следи својата сопруга од Инстаграм, но набрзо објасни дека неговиот профил бил хакиран. Веќе не го носи својот венчален прстен.

Двајцата се венчаа во 2018 година, а во август минатата година добија син, кој го нарекоа Џек Блуз Бибер.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ

На планета надвор од Сончевиот систем првпат забележан радио-сигнал: Што открија астрономите?

Ким Кардашијан откри зошто „бегала“ од љубовта пред врската со Луис Хамилтон: „Не бев подготвена“