Обичен вирус може да предизвика дебелина

Од:

Еден обичен вирус кој предизвикува настинка може да биде причина кај одделни лица да се појави вишок на килограми, констатираашведски експерти, откако ја истражувале појавата на Аденовирусот 36.

Една нова шведска студија, изготвена од истражувачки тим при Каролинскиот институт во Стокхолм и во болниците во Дандерид и Ерста, покажува дека 28,4 отсто од жените со силно зголемена телесна тежина во себе носат траги од споменатиот вирус. Кај жените со нормална телесна тежина присуството на вирусот е утврдено кај 15,6 отсто.

Никој не се здебелува доколку не јаде многу и редовно се движи, вели Клод Маркус, истражувач и професор по педијатрија.

Но заедно со повеќе други фактори, како генетиката и навиките за спиење, најновите истражувачки резултати би можеле да дадат објаснување зошто извесни лица стануваат подебели од други.

Поранешни студии, вршени пред се врз животни, покажале дека Аденовирусот 36 ги поттикнува клетките да собираат и таложат мрснотии. Тоа исто така води и кон создавање на повеќе масни клетки.

За првпат можевме да покажеме дека Аденовирусот 36 го има кај населението и дека неговата појава речиси е двојно зголемена од почетокот на 1990-те години, вели Катарина Лавебрат, доцент по медицинска генетика при Каролнискиоѕ институт.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ