Социјалната мрежа Твитер не работела повеќе од пет часа, а истото се случило и со мобилната верзија на мрежата синоќа за време на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама.
Речиси во целиот свет, корисниците на Твитер или не можеле воопшто да го користат или имале проблеми при пристапувањето кон својот профил.
По два часа недостапност, претставници на Твитер излегле со изјава во која што потврдиле дека постоеле проблеми и дека се работи на решавање на истите, се со цел да им се овозможи непречен пристап на корисниците на оваа социјална мрежа.