Постојат екрани чувствителни на допир и 3Д екрани, а сега постои и екран кој ги комбинира овие две технологии – флексибилен дисплеј кој корисниците можат да го растегнуваат, вдлабнуваат и издигнуваат.
Екранот, кој го дизајнирале Дарија Данд и Роб Хемсли од Институтот за технологија во Масачусетс, е наречен „Обаке“, според духот во јапонската митологија кој е во состојба да ја менува својата форма, а флексибилен го прави гумен лист кој е поставен преку електро мотор.
Целиот екран се наоѓа под камера направена од Кинект проектор кој сликите ги прикажува на него. Камерата, исто така, мери колку е раширен или вдлабнат екранот.
Се ова е така поврзано што навистина имаме чувство дека контролираме 3Д екран чувствителен на допир. Постоечките технологии ни дозволуваат да гледаме 3Д слики, но во прашање е оптичка илузија а не вистински предмет.
Иако импресивна, оваа технологија нема наскоро да ја здогледа светлината на денот поради физичките ограничувања – електро моторите и понатаму се премногу големи и потребен е простор за да може да се манипулира со екранот, како и проектор.