Нуклеарен силос од периодот на Студената војна, што се наоѓа во американската сојузна држава Канзас, е претворен во луксузен подземен простор и може да се изнајми преку сајтот „Аирбнб“.
Креаторот на пренаменетиот силос Метју Фалкерсон (37), костатираше дека просторот ќе стане атракција, наведувајќи дека веќе неколку медиуми направиле репортажа за него.
Во силосот, покрај останатото, има кујна, тоалет, машина за перење алишта и камин.