Новите мапи на Apple ставени на големи критики од корисниците

Од:

Неточни инфомации на некои градови во новите мапи што Apple ги вгради во новиот софтвер предизвикуваат гнев од корисниците.

Во јуни Apple објави дека ќе престане со користење на Google Maps во корист на сопствениот систем, кои е креиран со користење на податоци од навигација систем на TomTom.

TomTom објави дека нивна обврска е да ги споделат инфомациите а не е одговорна за тоа како работат.

Софтверот е вграден во iOS6, најновата верзија на оперативниот систем на Apple, која работи на iPhone, iPad и iPod Touch.

Претходно, старите верзии на оперативниот систем на Apple работеа со мапи на Google.

Но сега новите корисници сега се принудени да ги користат новите мапи на Apple откако ќе ги надградите старите уреди или со купување на најновите iPhone, кој почна со предпродазба минатиот петок.

Во моментов не се достапни Google Мапите на располагање за симнување во App Store на Apple, иако систем на Google е сеуште достапна преку веб прелистувачот на телефонот.

Некои градови се чини дека се водат за исчезнати, како што Стратфорд-на-Авон и Солихал. Други, како Uckfield во Источен Сасекс, се во погрешна локација. Сателитски слики на различни локации, особено во Шкотска, се покриени со облак.

Корисниците исто така пријавуваат за исчезнати локални места, како што се училишта. Друга интересно е тоа што еден музеј за мебел покажува дека се најдува сред река.

Портпаролот на Tom Tom изјави дека нивните мапи претставуваат само “темел” на новита услугата.

“Корисничкото искуство целосно зависи од изборот на овие производители што го реализираат тоа“.

Ова е една од разликите

Пред издавањето на iOS6, неколку програмери изразија загриженост за способноста на новите мапи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска