Новиот Самсунг паметен часовник ќе биде компатибилен со Андроид

Од:

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ објави дека новиот паметен часовник ќе биде компатибилен со Гугл оперативниот систем Андроид.

Компанијата на тој начин планира да ја намали пазарната доминација на Епл.

Часовникот на пазарот ќе се најде во октомври, објави Самсунг пред денешното отворање на најголемиот европски Саем на електроника за широка потрошувачка ИФА во Берлин.

Компатибилноста со Андроид технологијата ќе овозможи новиот часовник на Самсунг да функционира со смартфони од други компании, за разлика од Епл Воч.

Според истражувањата на компанијата Стратеџи аналитикс, светската продажба на паметни часовници достигна пет милиони уреди во второто тримесечје од годината, додека една година претходно таа бројка изнесува еден милион.

Епл Воч има 75 проценти од пазарот, додека Самсунг е далеку зад американската компанија со само осум проценти.

Самсунг неодамна го претстави новиот часовник Геар 2, опремен како и Епл Воч со технологија за мобилно плаќање.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска