Компанијата „Епл“ поднесе патентна пријава за новиот „ајФон“, која би можела значително да го измени можниот изглед на популарниот телефон.
Според овој патент, екранот оди околу работ на телефонот, давајќи му поширок агол на преглед и нема хардверски тастери.
Апликацијата за патентот открива дека „Епл“ сака да ја искористи предноста на новата генерација на дисплеи, кои не мораат да бидат рамни и цврсти како денешните ЛЦД екрани.
Телефонот во иднина ќе изгледа како плосната цевка во чија средина се наоѓа хардверот. Како што стои во апликацијата „ова овозможува проширување на функционалноста на повеќе од една површина“.
Дизајнерската измена е изоставување на рамка, односно раб кој оди околу екранот, што значи дека се добива поголема површина на самиот дисплеј.
Иако компанијата ја поднесе патентната пријава уште во септември 2011 година, таа дури сега и стана достапна на јавноста. „Епл“ е еден од производителите кои често поднесуваат патенти за апарати, кои никогаш непрофункционираат.