Телефонот кој Nokia ќе го претстави на утрешната конференција во Њујорк, би можел да има 4,5-инчен екран, двојадрен процесор на 1,5GHz, 1GB RAM меморија и PureView камера со резолуција од 8 мегапиксели.
Lumia 920 ќе има предна камера со резолуција 1,3 мегапиксели. И овој модел како и Lumia 820, ќе имаат опција за безжично полнење.
Nokia објави и видео тизер во кое ветува дека работите ќе се сменат од утре, 5-ти септември.
Истиот ден во истиот град, своја конференција ќе има и Motorola.