Продукциската куќа „Eon Productions” сериозно размислува новото продолжение на филмот за тајниот агент 007 да го подели во два дела.
Сценаристот Џон Логан ја доби идејата 24-от и 25-от дел да ги поврзе со една приказна, што секако е оригинална идеја, но тешко е да се поверува дека режисерот Сем Мендес ќе ги остави сите останати проекти на пауза и наредните 4 години ќе се посвети само на агентот 007.
Сепак, тој изјави дека ќе одлучи дури кога ќе го види сценариото, а продуцентите се обидуваат што побрзо да ги создадат темелите за снимањето на новото продолжение.
Идејата е снимањето на филмот да започне на почетокот на 2014 година, а во кината да се појави до крајот на годината.